И четврта жртва од сообраќајката на автопатот Рума – Шабац, почина 25 годишник

Од:

Во болницата во Сремска Митровица, денес околу 13 часот почина млад човек кој беше повреден во сообраќајна несреќа на автопатот Рума – Шабац, а уште три лица починаа на самото место во несреќата.

Како што пренесуваат српските медиуми, 25-годишник е донесен во Здравствениот дом во Сремска Митровица по несреќата, каде што, и покрај напорите на лекарите, им подлегна на повредите.

Уште едно лице кое е повредено е пренесено во болницата во Шабац.

Причината за несреќата најверојатно е неправилно влегување на автопатот.

Сообраќајот во правец на Рума е запрен, а полицијата и обвинителот се на терен и спроведуваат истрага.

Според медиумските извештаи, возачот на автомобил „форд“ возел во спротивна насока со брзина од 130 километри на час, а во сообраќајната несреќа учествувал и „голф“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он