Селекторот на Аргентина кандидат за нов тренер на Реал Мадрид

Од:

Алваро Арбелоа(43) ќе престане да биде тренер на првиот тим на Реал на крајот од сезоната.

Управата сака ново име за тоа место. Ова го пишува Ел Мундо.

Арбелоа, до неодамна тренер на младинските и резервните тимови на Реал, ја презеде сениорската екипа во јануари откако Чаби Алонсо беше отпуштен.

Сепак, Арбелоа не успеа да ја спаси сезоната. Под негово водство, Реал ја завршува сезоната без трофеј и игра до крајот на сезоната само затоа што мора.

Тој беше елиминиран од Купот на Кралот од второлигашот Албасете, во четвртфиналето на Лигата на шампионите ги загуби двата натпревари од Баерн, додека Барселона лесно ја одбрани титулата во Ла Лига.

Шпанските медкиуми пишуваат дека Реал директно го контактирал Лионел Скалони (47), селекторот на Аргентина. Тој го поминал поголемиот дел од својата фудбалска кариера во Шпанија.

По речиси десет години таму, ја презеде Аргентина. Ја води од 2018 година, а со неа освои една титула светски шампион и две титули јужноамерикански шампионати.

Тој никогаш не раководел со клуб, а неговата работа како селектор во Аргентина е неговото единствено тренерско искуство.

Би можело да ве интересира

Поради трансферот во Реал, сопругата на Кукуреља добива смртни закани

А1он

Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид

А1он

Атлетико одби од Реал Мадрид понуда од 150 милиони за Хулијан Алварез

А1он

Папата Лав XIV доби дрес на Реал Мадрид со неговото име и број еден

А1он

Романо: Реал се договори со „специјалниот“

А1он

Шпанците потврдија – Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид

А1он