Вајц: Нема напредок во Македонија, реформите стагнираат

Од:

Македонија ризикува да ја пропушти актуелната шанса за напредок кон членство во Европската Унија доколку не ги забрза реформите, предупреди известувачот за земјата во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за Еуроњуз.

Тој оцени дека во изминатата година нема видлив напредок, ниту во реформската агенда, ниту во процесот на приближување кон ЕУ, нагласувајќи дека „е изгубена цела година“.

Вајц потенцира дека преговорите не можат да продолжат без уставни измени, вклучително и внесување на дополнителни заедници во Уставот, што според него е дел од европските стандарди и не е предмет на повторно преговарање.

Освен уставните прашања, тој посочи дека клучни остануваат реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и обезбедувањето независно судство. Без овие услови, како што истакна, земјата нема да може да привлече странски инвестиции ниту да обезбеди одржлив економски развој.

Дополнително, Вајц предупреди дека постои ризик Северна Македонија да изгуби дел од средствата од европскиот План за раст, доколку не ги исполни обврските во предвидениот рок. Според него, доколку реформите не се реализираат, средствата може да бидат пренасочени кон други земји од регионот.

Тој ја посочи и разликата со Албанија, која, како што рече, бележи побрз напредок во законодавството, иако останува предизвикот во практичната имплементација.

Сепак, Вајц изрази надеж дека постои можност за напредок доколку властите покажат политичка волја и сериозна посветеност на реформите, оценувајќи дека земјата сè уште има шанса да се приклучи кон следниот бран проширување заедно со Црна Гора и Албанија.

Тој порача дека Европската Унија останува подготвена да го поддржи регионот, но дека одговорноста за напредокот е пред сè на домашните институции.

Би можело да ве интересира

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Вајц: Се надевам дека овој извештај придонесува за олеснување на патот за започнување на овие ефективни преговори

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија: Бугарски европратеници го искористија за домашни цели, порача Вајц

Катерина Ѓуровски

Вајц: Добрососедските односи секогаш треба да се градат од двете страни, тоа е многу јасно

Горан Наумовски