Се чекаше од 28 декември и конечно се случи. Тотенхем победи во меч од Премиер лигата. Како гости, „спарси“ беа подобри од Вулверхемптон со 1:0.
Ова е важен триумф за тимот на Роберто де Зерби во борбата за опстанок.
Сепак, тимот од Лондон остана на исто ниво, бидејќи победи и Вест Хем, па Тотенхем се уште е во зоната за испаќање.
Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 82-та минута, кога Жоао Палиња се најде на вистинското место и одбиената топка ја спроведе во голот.
Тотенхем моментно е на 18-то место кое води во Чемпионшип и има 34 бода. Вест Хем е на позиција 17 со два бода повеќе.
„Спарси“ имаат тешка задача пред себе во следната рунда, одат во Бирмингем за да се соочат со Астон Вила, која се бори за Лигата на шампионите.
