Притворен е 58 годишен скопјанец – обљуби 13 годишно девојче

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М.(58) од Скопје поради основано сомнение дека стори кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години” казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик на РСМ.

Судот на скопјанецот му одреди мерка притвор.

Kако што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој на 15. овој месец во Скопје извршил обљуба врз 13-годишно девојче од Скопје и истиот ја фотографирал.

-По преземени мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лицето е лишено од слобода и од него се одземени мобилен телефон и патничко моторно возило „мерцедес”. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор – посочуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

Притвор за четворица турски државјани кои нападнаа доставувач во Скопје

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Шестмина во затворски и четворица во куќен притвор за нелегалниот увоз на ботокс

А1он