Никол Кидман заврши во болница по снимање на филмска сцена

Од:

Никол Кидман е хоспитализирана по снимањето на напорна сцена во професионално борење за „Марго има проблеми со парите“.

Нејзиниот колега Ник Оферман раскажа како актерката, иако видно болна, го направила снимањето професионално, по што веднаш била однесена во болница.

Оферман за „Пипл“ изјави каков бил денот на снимањето на 22 април.

„Пристигнавме наутро, се загреавме… некои од нас требаше всушност да се бориме, па имавме каскадери и луѓе со кои да вежбаме“, рече тој.

Во серијата, Кидман ја игра професионалната борачка Лејс и требаше да снимат сцена со борба во рингот.

„Потоа стигна веста дека Никол имала грип и можеби воопшто нема да дојде на снимањето“, се присети Оферман.

„Сите си помисливме: „О, не, тоа е ужасно, бидејќи имаме само еден ден за кој го подготвивме целиот овој спектакл“.

Сепак, актерката добитничка на Оскар, која е и извршен продуцент на серијата, не дозволи болеста да ја спречи.

„Ги добивме вестите околу осум часот наутро“, откри Оферман.

„Околу 11 часот, пристигнаа нови вести: Никол доаѓа“ рече тој.

Таа беше „многу болна“, рече Оферман, но сепак дојде на работа.

„Беше толку бледа и трепереше. Имаше навистина лош грип“, опиша тој.

И покрај ова, Кидман „како вистинска суперхероина направи сè што можеше за да не изгубиме ниту дел од она што ни беше потребно за нејзиниот лик“.

По снимањето на физички напорната сцена, Кидман „буквално беше итно однесена во болница за интравенска инјекција“.

Би можело да ве интересира

Никол Кидман и Кит Урбан се разведоа по 19 години брак

А1он

Се разведува Никол Кидман после 19 години брак