Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 17 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степен.

Според УХМР, за време на викендот и почетокот на следната недела ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер.

Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Би можело да ве интересира

Нов топлотен бран, период со температури до 40 степени

Катерина Ѓуровски

Од четврток повторно многу топло, во викендот до 40 степени

Температури до 36 степени денеска освежување во вторник, потоа повторно топло

Катерина Ѓуровски

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата

Следува период со потопло време, со максимални 39 степени

Облачно со сончеви периоди, услови за краткотрајно невреме и благ пад на температурите