Се одложи судењето за деветмината полицајци обвинети за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Од:

Судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека Пулс, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и изврши убид во доказите.

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.

Одбраната на дел од обвинетите пред почетокот на денешното рочиште побара од Судот да достави барања до МВР, БЈБ и УЈП за обезбедување докази, декласификација, како и право на увид на вешто лице што е најавено да прави вештачење.

Обвинителката Спасенка Андонова по предлозите на одбраната рече дека ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа.

-Имајќи предвид дека одбраната има доставено дел од листата на докази со прилози, дел од одбраната денеска доставува докази, а голем дел се со барања од институции од кои не им е одговорно и бара од Судот таквите барања да им бидат одговорени, Обвинителството по тие ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа – рече обвинителката.

Одбраната на Димче Аврамов, бараше од Обвинителството и Судот да се обезбеди доказ од предмет за кој веќе е запрена постапката, а како што посочи докажува дека обвинетиот три години барал увид во документацијата за Пулс и не давал согласност и дека ја потпишал по наредба на повисок старешина.

-Само тој доказ го бараме да биде обезбеден, изјави одбраната.

ОЈО-ГОКК ги товари сите деветмина за “Злоупотреба на службената положба” за тоа што во период од една година пропуштиле да преземат службени дејствија и неопходни проверки од аспект на јавната безбедност и сообраќајните решенија, а кои биле неопходни од аспект на обезбедувањето на одобрение – лиценца за работа на дискотеката Пулс.

Би можело да ве интересира

Сведоштво за трагедијата во „Пулс“: Пиротехниката беше поставена опасно блиску до гостите

Драма во судницата на рочиштето за „Пулс“: Повикана беше Брза помош за обвинетиот Дејан Јованов-Деко

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Сведокот Јосифов изјави дека немало раководител на инспекцики служби

Горан Наумовски

Сведок за „Пулс“: И покрај рацијата, забавата продолжи се до пожарот

Судење за „Пулс“: Oбвинетиот газда на дискотеката Дејан Јованов-Деко бара куќен притвор

Горан Наумовски

Ниту еден сведок на Обвинителството денеска не се појави на рочиштето за пожарот во „Пулс“