Денеска сончево и потопло време, температури до 23 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Според прогнозата на УХМР, за време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот.

Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер.

Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Би можело да ве интересира

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Денеска ќе биде сончево и топло

Денеска сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево и топло, со умерена локална облачност