Блумберг: Најмалку 34 ирански танкери ја поминаа блокадата на САД

Од:

Најмалку 34 танкери и носачи на гас поврзани со Иран поминаа низ Ормутскиот теснец и линијата на блокадата на САД, објавува Блумберг, повикувајќи се на податоци од аналитичката компанија „Вортекс“.

– Од бродовите што поминаа од почетокот на минатата недела, 19 одеа од Персискиот Залив, од кои 17 носеа товар – наведува публикацијата.

Се известува дека два целосно натоварени ирански танкери го напуштија Персискиот Залив оваа недела и ја поминаа блокадата на САД.

– Тие се дел од флотилата што ги заобиколи воените бродови и испорача околу 9 милиони барели нафта на пазарот – пишува агенцијата.

Би можело да ве интересира

Иран: Ормутскиот теснец ќе остане затворен додека не се исполнат условите

Иран повторно го затвара Ормутскиот теснец

Три големи проблеми зошто бродовите сè уште не поминуваат низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Американските сили соборија ирански дронови над Ормутскиот теснец

А1он

Детонации во Ормускиот теснец: Иран тврди спречивме премин на танкери

Иран потврди дека го затвори Ормутскиот теснец до „понатамошно известување“