Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија ги објави на својата веб-страница привремените резултати со обработени 68,34 проценти од протоколите од страна на Секциските изборни комисии (СИК) во Окружните изборни комисии (ОИК). Податоците се од седум часот наутро по бугарско време (шест по македонско), пренесе БТА.
Резултатите од изборите за пратеници во 52-от состав на парламентот, спроведени вчера, ја покажуваат следната распределба:
„Прогресивна Бугарија“ – 44,48 проценти
„Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП – ДБ) – 14,00 проценти
ГЕРБ – УДФ – 13,10 проценти
Движење за права и слободи (МРФ) – 5,38 проценти
„Преродба“ – 4,51 проценти
Според Изборниот законик, ЦИК мора да ги објави добиените гласови и распределбата на мандатите меѓу партиите и коалициите најдоцна четири дена по денот на изборите, а имињата на избраните пратеници најдоцна седум дена по денот на изборите.
Во Бугарија вчера се одржаа осмите избори за Народното собрание од 2021 година.
