Фехми Стафа е пренесен во Шутка да ја издржува казната од 15 месеци за митото од „Ѓаволот“

Од:

Поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа е спроведен во затворот „Шутка“ по спогодба со јавниот обвинител, откако призна вина за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Тој ќе издржува казна затвор од една година и три месеци, поради барање поткуп од својот клиент Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот.

„Судот ја разгледа предложената спогодба и утврди дека се исполнети законските одредби од Законот за кривична постапка, поради што ја верификуваше. Имајќи предвид дека странките немаат право на жалба, одлуката станува правосилна веднаш, а осудениот уште во текот на вчерашниот ден е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје за издржување на изречената казна“, соопштија од Кривичниот суд.

Според обвинението, Стафа барал пари со цел да влијае врз судија од скопска апелација за донесување одлука за домашен притвор. Тој бил фатен од полицијата со 50 илјади евра, иако, според информациите, барал значително поголема сума.

Во меѓувреме, обвинителството го осомничи и судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје за непријавување имот, откако во ѕид од куќата на неговите родители биле пронајдени заѕидани илјадници евра. Од Обвинителството информираат дека истрагата против судијата е сè уште во тек.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Продолжен притворот на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Фехми Стафа осомничен за примање поткуп од 50.000 евра „заработи“ 30-дневен притвор

Горан Наумовски

Тошковски: По наредба на судија на претходна постапка е уапсен Фехми Стафа

Горан Наумовски

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа уапсен под сомнение за поткуп

Владата го разреши Стафа, вмешан во два скандали

Кристијан Ландов