Трамп: Секој брод што ќе се приближи до нашата блокада ќе биде уништен

Од:

Доколку кој било ирански брод се приближи до американската блокада на Ормутскиот теснец, ќе биде уништен, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.

„Иранската морнарица лежи на дното на морето, целосно уништена – 158 бродови. Она што не го погодивме беше нивниот мал број на она што тие го нарекуваат „бродови за брз напад“, бидејќи не ги сметавме за голема закана. Предупредување: Доколку некој од овие бродови се приближи до нашата блокада, тие веднаш ќе бидат елиминирани“, напиша Трамп на својата социјална мрежа, кратко откако беше објавена американската блокада на Ормутскиот теснец.

Според него, американската морнарица ќе го користи истиот „систем за убивање“ што го користи против бродовите што транспортираат дрога по море.

„Брзо и брутално. Узгед, 98,2 проценти од дрогата што влегува во САД по океан или море се запрени“, напиша Трамп.

Трамп претходно објави дека САД ќе ги блокираат бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа почнувајќи од денес во 16:00 часот.

ЦЕНТКОМ соопшти дека блокадата ќе се однесува на сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни области, вклучувајќи ги пристаништата во Арапскиот Залив и Оманскиот Залив, и ќе се спроведува без оглед на земјата на потекло на бродот.

Медиумите потоа објавија дека блокадата се однесува на целиот бродски сообраќај, без оглед на знамето, но не и на неутралниот брод до или од неирански дестинации.

Дополнително, американската војска ќе го блокира Оманскиот Залив, како и Арапското Море источно од Ормутскиот теснец, а секој брод што влегува или излегува од блокираните области без овластување може да биде цел на претрес, пренасочување или заплена.

Би можело да ве интересира

Започна блокадата на Ормутскиот теснец – најефикасното оружје на Иран во конфликтот со САД

А1он

Претседателот на иранскиот Парламент му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата

А1он

Трамп го нападна папата: Да се собере и да користи здрав разум, а не да биде политичар

А1он

За сенаторот Шумер, американскиот претседател Трамп е „воен кретен“

А1он

Демократите бараат поддршка од републиканците за да ја ограничат моќта на Трамп

Трамп најави разорен напад врз Иран: Можеме да ги уништиме преку ноќ!

А1он