Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, понуди необично објаснување за традиционално одличната форма на неговиот тим во финишот сезона. По убедливата победа над Челси, каталонскиот стручњак откри зошто Сити го достигнува својот врв токму во моментот кога се одвива борбата за шампионската титула, а пред нив е клучен дуел со лидерот Арсенал.
Манчестер Сити е познат по своите брилијантни завршници на сезоната, а нивната убедлива победа од 3-0 над Челси најавува дека историјата може да се повторува. На прашањето зошто неговите тимови редовно ја наоѓаат својата најдобра форма напролет, Гвардиола даде изненадувачки одговор. „Сонцето. Не се шегувам. Сонцето. Никогаш не е сончево во Манчестер. Искрено, расположението е подобро. Менталитетот на целата група“, откри менаџерот.
Статистиката ја поддржува неговата теорија дека Сити игра подобро како што деновите стануваат подолги.
Под водство на Гвардиола од 2016 година, „Граѓаните“ постигнаа неверојатни 29 победи во 32 лигашки натпревари во април. Освен времето, Пеп ја припиша и културата во клубот за неговата упорност, велејќи: „Хиерархијата ми го даде менталитетот на неверојатни играчи. Тоа е клучот до успехот.“
И покрај одличната форма на Сити, Гвардиола брзо ја префрли улогата на фаворит за титулата на тимот на Микел Артета. Арсенал моментално е на чело на табелата со шест бода разлика, иако Сити има натпревар помалку и неодамна ги победи „Топџиите“ во финалето на Карабао Купот.
„Одигравме три добри натпревари, но најдобриот тим во Англија е Арсенал“, рече Гвардиола по победата на Стемфорд Бриџ.
„Бројките го потврдуваат тоа. Ќе се подготвиме добро оваа недела. Ќе се прилагодиме врз основа на играта во Карабао Купот. Она што го дефинира тимот е начинот на кој играте. Ако не се подобрите како тим, нема да победите“ рече Гвардиола.
Гвардиола верува дека психолошката динамика се променила од победата на Сити над Арсенал во финалето на купот во март. Потсетувајќи се на очекувањата пред тоа финале, тој забележа: „Бевме аутсајдери и тоа беше совршено. Сега е различно и мора да бидеме свесни за тоа“.
