Отворен тестаментот на Чак Норис – во кариерата заработи околу 70 милиони долари

Од:

Легендарниот Чак Норис почина на 20 март на 86-годишна возраст, по ненадејна здравствена компликација, а неговото семејство ја потврди тажната вест еден ден подоцна. Неодамна беше објавено кој што добил од неговото богатство.

Роден како Карлос Реј Норис во 1940 година во Оклахома, тој стана глобална икона преку децениската работа. Славата ја стекна во седумдесеттите години, особено по соработката со Брус Ли во филмот „Патот на змејот“, додека серијата „Вокер, Тексашки ренџер“ го направи една од најпознатите ТВ личности.

За време на неговата кариера, тој изгради богатство проценето на околу 70 милиони долари, благодарение на филмови, телевизиски и деловни инвестиции. Сепак, според луѓето околу него, парите никогаш не му биле приоритет.

„Тој секогаш нагласувал дека неговото семејство е поважно од сè и дека не сака компликации кога ќе го нема“, изјави извор близок до семејството.

Токму поради ова, за неговото наследство се зборуваше за време на неговиот живот, но без јавно презентирање на конкретни детали. Затоа, тој го подели своето наследство на своите деца и сопругата.

Тој зад себе ја остави сопругата Џин О’Кели, со која беше во брак од 1998 година, како и пет деца од различни периоди од неговиот живот.

Неговиот приватен живот честопати беше далеку од очите на јавноста, но оние што го познаваа тврдат дека бил исклучително посветен на своето семејство и односите што ги градел низ годините.

Особено емотивна приказна е поврзана со неговата ќерка Дина Норис, за чие постоење дознал дури подоцна. Нивната врска, која започнала со едно писмо, со текот на времето прераснала во силна и блиска врска. Според странските медиуми, и таа е вклучена во наследството.

„Го отворив писмото и сфатив дека имам ќерка за која не знаев“, рекол тој тогаш, потсетувајќи се на тој момент.

Иако многу се зборува за неговиот имот, најблиските до него нагласуваат дека неговото вистинско наследство е многу повеќе од пари.

„За светот, тој беше симбол на сила и дисциплина. За нас, столб на семејството, човек од вера и некој што секогаш нè држеше заедно“, наведоа членовите на семејството во заедничка изјава.

Како што се очекуваше, сè ќе биде решено според неговите желби, без конфликти и несогласувања, токму како што Чак Норис сакаше.

Би можело да ве интересира

Почина Чак Норис

Чак Норис итно e хоспитализиран

Горан Наумовски