Сончево и топло до 25 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), со средината на седмицава ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Ќе дува северозападен ветер, кој ќе биде поизразен во среда кога ќе биде засилен до силен и долж Повардарието ќе достигнува брзина од над 70 километри на час. Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во следните два дена облачно со локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Би можело да ве интересира

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град

А1он

Пороен дожд, грмежи и силен ветер и денеска и во прзничниот викенд

Облаци, сонце и ветер денеска, во продолжениот викенд пороен дожд

Сонце, ветер и облаци деновите, во продолжениот викенд врнежи

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно и посвежо

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

А1он