Убиен 14 годишник во Лондон, за убиството уапсени се тројца тинејџери

Од:

Во Лондон денеска е убиено 14-годишно момче, а осомничени се тројца тинејџери, кои набрзо потоа се уапсени, пишува „Метро“.

Момчето е убиено во населбата Вулич, која се наоѓа на југоистокот од главниот град на Англија.

Уапсените тинејџери се на возраст од 14, 16 и 18 години.

„Свесни сме за загриженоста што овој инцидент ќе ја предизвика во локалната заедница. Веќе извршивме три апсења и нашата истрага продолжува со брзо темпо. Зголемено полициско присуство останува во областа. Апелирам до секој што бил во близина во тоа време, кој има снимки од видео надзор или камери на автомобилот, или има информации што би можеле да им помогнат на моите службеници, да се јави“, рече главниот инспектор за случајот, Луси Кард.

Би можело да ве интересира

Трагедија во гевгелиско Негорци – тинејџер загина од удар на гром

Анита Петровска Рајковиќ