Вештакот од Србија за „Онкологија“: Сегашните стандарди во онкологијата бараат редовно следење на пациентите

Од:

Во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи вкрстеното испрашувањето на српскиот медицински вештак Давор Радосављевиќ, кој го изработи медицинското вештачење за Обвинителството во случајот „Онкологија“. На обвинителна клупа се поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, обвинети за несовесно лекување пациенти.

На денешното рочиште, вештакот одговараше на прашањата на одбраната на обвинетата онколог Симонида Црвенкова, a вчера на прашања од одбраната на Нино Васев, која тврдеше дека вештачењето било направено без целосна медицинска документација и без почитување на македонските национални упатства за онколошки третман. Радосављевиќ одговори дека анализирал документација за 16 пациенти и дека кај повеќето забележал неправилно лекување и влошување на здравствената состојба, непочитување на редоследот на терапии, недостиг на клучни медицински податоци, како ЕКОГ-статус, молекуларна патологија, токсичност и систематски КТ-наоди.

Тој потенцира дека сегашните стандарди во онкологијата бараат редовно следење на пациентите, што во доставената документација често недостигало. Во однос на меѓународните водичи (ЕСМО/ЕЦЦ), рече дека тие навистина даваат препораки, но во анализата забележал недоследности токму во однос на препорачаните линии на лекување.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓорѓева од ОЈО Скопје, откако обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска минатата недела беше избрана во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти.

Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службената положба и за проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Би можело да ве интересира

Сведочење на вештакот Милан Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти давана е терапија спротивно на индикациите

А1он

Протоколите за лекување онколошки пациенти во Македонија не се осовременети 10 години, вели вештакот од Словенија во случајот „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

Случај „Онкологија“: Спротивставени ставови на осумчасовното вкрстено испрашување на вештакот од Словенија

А1он

Судење за аферата „Онкологија 2“: Одбраната на Васев со забелешки за вештачењето и лиценцата на експертот

Горан Наумовски

Судење „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза, за одбраната наодот е по европски стандарди

А1он

Пациентите добивале лек, но немало анамнеза, преглед и протколи – сведочи вештакот од Словенија во случајот „Онкологија“