Македонскиот народен театар одбележува 81 година

Од:

Македонскиот народен театар денеска одбележува 81 година од првата претстава на македонски јазик со која почнува континуираната работа на ансамблот на театарот.

„Сонцето, колку е блиску сонцето“ е првата реченица на македонски јазик која ја изговорила актерката Вера Вучкова на 3 април 1945, на изведбата на претставата „Платон Кречет” од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, во превод на Блаже Конески.

МНТ лани го одбележа 80-годишниот јубилеј со сценско-музички проект во режија на Дејан Пројковски, со наслов „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ кој реферира на првата изговорена реплика на македонски јазик.

Претставата за осум децении постоење беше осмислена како аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност односно, како што изјави режисерот: „емотивна приказна посветена на големите актери, режисери, драматурзи и на сите професионалци зад кулисите задолжени за создавањето на сценскиот универзум во МНТ“.

Осумдесет и првиот роденден МНТ го одбележува со гостувања на театри од регионот: „Амадеус“ во режија на Александар Поповски, во изведба на Словенечко народно гледалишче (СНГ) од Марибор, монодрамата „Безгрешна (Immaculata)“ инспирирана од романот „Маријиниот завет“, која е омаж за словенечкиот театарски режисер Томаж Пандур (1963-2016) и се реализира во продукција на СНГ Марибор и претставата на Црногорско народно позориште „Другата страна“ во режија на Борис Лијешевиќ.

Би можело да ве интересира

МНТ одбележува 81 година со регионални гостувања на Словенечко народно гледалиште и Црногорското народно позориште

Промовирана монографијата „Македонски народен театар 1945-2025 драма, Приказни поголеми од времето“

„Ничија земја“ на МНТ ја освои Будимпешта и предизвика емотивна дискусија со публиката

Претставата „Народен пратеник“ на МНТ продолжува со регионалната турнеја

Стоечки овации за актерите и за „Ничија земја“ на МНТ на фестивалот „Театар без граници“

Премиера на „Драга Јелена Сергеевна“ во вторник во МНТ