Намалена видливост до 20 метри поради магла на патниот правец Маврово-Бунец

Од:

Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Маврово-Бунец, соопшти вечерва ЈП „Македонијапат“.

Од претпријатието информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Посочуваат дека дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Би можело да ве интересира

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Отежнат сообраќај поради магла кај Тетово и одрон кон Струмица

Магла на повеќе патни правци

А1он

Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец – Маврови Анови и во Крушево

Магла на патиштата – отежнат сообраќај на повеќе правци