Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5 степени, а максималната од 8 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, при што минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во текот на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат повторно во текот на ноќта кон среда и во среда.

Во недела и во среда ќе дува умерен, а долж Повардарието и засилен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Нов топлотен бран, период со температури до 40 степени

Катерина Ѓуровски

Од четврток повторно многу топло, во викендот до 40 степени

Температури до 36 степени денеска освежување во вторник, потоа повторно топло

Катерина Ѓуровски

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата

Следува период со потопло време, со максимални 39 степени

Облачно со сончеви периоди, услови за краткотрајно невреме и благ пад на температурите