Маж украде 40 рози од цвеќарница во Јелизово, на Камчатка, а потоа ги дал на непозната девојка на улица, објавија медиумите.
Против него е покрената истрага, а врз основа на рускиот кривичен закон, максималната казна за ваков вид кражба е до четири години затвор.
Продавничка во цвеќарница ја пријавила кражбата, а осомничениот брзо бил идентификуван благодарение на снимките од надзорните камери.
Тој е приведен, а станува збор за 31-годишен локален жител кој веќе ѝ е познат на полицијата.
„Утврдено е дека мажот бил во алкохолизирана состојба кога поминал покрај цвеќарницата. Гледајќи ги изложените рози, ги зграпчил и истрчал на улицата. Кога, сепак, набрзо сфатил дека не му требаат цвеќињата што ги украл, му ги дал на минувач“, наведува локалната полиција во своето соопштение.
