Милијардерот и сопственик на веб-страницата за возрасни OnlyFans – Лео Радвински, почина на 43-годишна возраст од рак.
Портпаролот на страницата изјави во соопштение за медиумите дека компанијата е „многу тажна“ поради неговата смрт.
„Лео почина мирно по долга борба со ракот. Неговото семејство побара приватност во ова тешко време“, рече портпаролот, цитиран од Дејли Меил.
Украинско-американскиот бизнисмен имаше нето вредност проценета на 7,8 милијарди долари, главно благодарение на мнозинскиот удел на неговата компанија Fenix International Limited во OnlyFans.
Тој беше директор и мнозински акционер на компанијата, а беше и добро познат филантроп и инвеститор.
Радвински го презеде OnlyFans во 2018 година од семејството Стокли во Обединетото Кралство, а страницата брзо се прошири под негово водство.
