ВИДЕО: Поранешната ѕвезда на OnlyFans постигна спогодба за убиството на нејзиниот партнер

Од:

OnlyFans моделот Кортни Клени постигна спогодба со обвинителството непосредно пред почетокот на судењето за убиството на нејзиниот поранешен партнер Кристијан Обумсели во Мајами.

Условите од договорот засега не се објавени и нема да станат правосилни сè додека не бидат одобрени од судот. Според нејзините адвокати, спогодбата треба да биде презентирана на судското рочиште закажано за 10 август.

Триесетгодишната Клени е во притвор од август 2022 година, кога беше обвинета за убиството на својот поранешен партнер, извршено во април истата година. Нејзиниот адвокат Френк Прието претходно тврдеше дека таа дејствувала во самоодбрана, откако Обумсели, според одбраната, ја фатил за врат.

Одбраната исто така тврди дека Обумсели бил насилен и дека Клени била жртва на семејно насилство. Од друга страна, неговото семејство наведува дека токму тој бил жртва на насилство во врската.

Клени, која на социјалните мрежи е позната како Courtney Tailor, беше уапсена на Хаваи откако обвинителството повторно ја отвори истрагата. Во моментот на апсењето таа престојувала во центар за рехабилитација поради злоупотреба на психоактивни супстанции и посттрауматско стресно нарушување (ПТСН).

Според полицискиот извештај, полицијата на 3 април 2022 година околу 17 часот интервенирала во станот на парот по пријава за семејно насилство. Обумсели бил пронајден со една убодна рана во пределот на градниот кош, а Клени им изјавила на истражителите дека тој ја оттурнал и ја фрлил на подот, по што таа зграпчила нож и го фрлила кон него. Обдукцијата покажала дека убодната рана во градите била длабока околу седум сантиметри.

Би можело да ве интересира

На 43 години почина сопственикот на OnlyFans

А1он