Нови сведоци за пожарот во „Пулс“ денеска во судницата во Идризово

Од:

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На претходното рочиште пред судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Маја Тимовска, раководител на Секторот за превенција, планирање и развој во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), појасни дека сите учесници во системот за заштита и спасување на територијата на Република Северна Македонија се должни да достават четири документи: елаборат за заштита и спасување, правилник за заштита од пожари, процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, како и план за заштита и спасување. На прашањето дали управителите на „Пулс“ имале обврска да ја достават документацијата, Тимовска одговори потврдно.

Претходно, сведок – технички советник, Верица Милевска-Стефановска, претседателка на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, сведочеше за законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти. На прашањето дали употребата на пиротехника претставува безбедносен ризик, сведокот одговори потврдно.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството

Сведок од „Рубикон“ откри детали за обезбедувањето на „Пулс“

Давидовиќ: ДЗС нема надлежност за инспекција на угостителски објекти

Заклучена врата без кавака, празен хидрант, тоалет со решетки без пристап за помош – за „Пулс“ сведочи инспектор на ДЗС