Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, на планините ќе има услови врнежите да бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови, времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Во петок и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со сончеви периоди

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи

Сончево и топло со темеператури до 33 степени

Сончево време со северен ветер

А1он

Променливо облачно, попладне локално невреме со дожд, ветер и град

Променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи

Катерина Ѓуровски