Американскиот федерален суд ги отфрли сите тужбени барања против Binance во тужбата поврзана со антитероризам

Од:

Судот ги отфрли обвинувањата дека Binance им помагал на терористи, учествувал во нивни активности или бил дел од заговор со нив. Ова претставува јасно и целосно правно отфрлање на сите поднесени барања.

Binance, најголемата светска крипто-берза според бројот на регистрирани корисници, денес соопшти дека американскиот федерален суд во Јужниот округ на Њујорк ги отфрлил сите тужбени барања поднесени против компанијата согласно Законот за борба против тероризам. Тужбата опфаќала 535 тужители, кои тврделе дека Binance обезбедил материјална поддршка поврзана со 64 терористички напади.
Во одлука на 62 страници, Судот утврдил дека тужителите не успеале да докажат ниту едно од нивните клучни тврдења: дека Binance им помагал на терористи, дека Binance се поврзал со терористички напади, дека Binance учествувал или настојувал да ги поттикне тие напади, или дека Binance учествувал во каков било заговор со терористички организации.

„Ова отфрлање претставува целосна потврда дека сите лажни обвинувања се неосновани,“ изјави Еленор Хјуз, главен правен советник на Binance. „Судот недвосмислено го отфрли лажниот и штетен наратив дека Binance им помагал на терористи. Ние отсекогаш тврдевме дека овие обвинувања немаат правна и фактичка основа, а денешната одлука го потврдува токму тоа. Ќе продолжиме решително да се браниме од секоја постапка или известување што погрешно го претставува тоа кои сме и како работиме.“

Целосна и недвосмислена правна победа
Одлуката на Судот со која се отфрлаат сите тужбени барања, по сите основи и обвинувања, претставува јасна правна победа за Binance. Иако Судот им дозволил на тужителите рок од 60 дена да поднесат изменета тужба во светло на неодамнешна одлука на апелационен суд, Binance е уверен дека ниту една изменета тужба нема да може да ги отстрани суштинските недостатоци што Судот ги утврдил. Основните тврдења беа темелно разгледани и отфрлени.

Посветеност на усогласеност и правен интегритет
Binance доследно инвестира во инфраструктура за усогласеност со прописи, соработка со регулатори и правно управување од највисоко ниво во индустријата. Денешната судска одлука потврдува дека работењето на Binance не поддржува, не олеснува и не овозможува тероризам во ниту една форма.
Компанијата ќе продолжи конструктивно да соработува со регулатори ширум светот, да работи во рамки на воспоставените правни правила и, кога е потребно, енергично да презема правни чекори за да ги исправи лажните и погрешни наративи за своето работење.

За Binance
Binance е водечки глобален блокчејн екосистем, во чии рамки функционира најголемата светска крипто-берза според обемот на тргување и бројот на регистрирани корисници. На Binance му веруваат повеќе од 310 милиони луѓе во над 100 земји, благодарение на водечката безбедност во индустријата, транспарентноста и неспоредливото портфолио на производи поврзани со дигитални средства.

За повеќе информации, посетете тука.

Би можело да ве интересира

Тенг: Binance инвестираше стотици милиони долари за зајакнување на својот систем за усогласеност

Отворено писмо до крипто-заедницата – клучни точки

Горан Наумовски

Месечни пазарни согледувања – Притисок врз ликвидноста, стеснување на алткоин-пазарот и структурни промени

Неделен пазарен преглед: Крипто-пазарите влегуваат во фаза на намалување на ризикот додека ликвидноста се намалува

Консензус за стабилните коини – заклучоци од WEF Давос 2026

Неделен пазарен преглед: Доларот во слободен пад, акциите за рударење биткоини растат

Катерина Ѓуровски