Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе се сослушуваат сведоци на обвинителството

Од:

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На денешното рочиште беа повикани пет сведоци предложени од Јавното обвинителство, а обезбедени се четворица.

Јавниот обвинител, најави дека на крајот од денешното рочиште, ќе се произнесе пред Судот во однос на сведоците со кои не може да стапи во контакт за да бидат повикани со судска наредба.

Претходно, Судот го повика Обвинителството да се произнесе по барањето на Љупчо Папазов, за укинување на мерката притвор и по наоѓање на Судот определување мерки на претпазливост.

Јавниот обвинител, побара по предлогот да се произнесе на следната главна расправа, бидејќи во овој момент, како што рече „ги немаме сите информации“.

На претходното рочиште пред Судот сведочеше ПР на ДНК кој кажа дека прскалките биле од бендот, купувани легално од продавница во Кисела Вода, како и редовни гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на 16 март, минатата година, кога во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Прскалките во „Пулс“ имале домет од три метри, на настап на ДНК во Гевгелија се запалиле звучници, сведочи продавач на пиротехника

Сопственикот на „Пулс“ останува во притвор во Куманово, газда „Деко“ има забелешки за затворскиот душек и честите претреси

Обвинетиот Милковски од аферата „Пулс“ вели: Јас не можам да се борам со животот, немам сили да доаѓам на судење

Продолжува процесот за пожарот во „Пулс“, се сослушуваат сведоци на Обвинителството

Ние оставени сами – во Кран Монтана вистинска државна и човечка реакција, реагираат семејствата на жртвите од „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани