Полицaјци во Љубљана убија маж – ги нападна со нож

Од:

Полицијата попладнево интервенираше во областа Мосте (Љубљана) по пријава дека едно лице ги загрозува животите на минувачите.

Истиот човек ги нападна полицајците со остар предмет, пишува словенечкиот портал 24ur.

Полицијата го предупреди да го прекине нападот, но тој ги игнорираше предупредувањата и продолжи да им се заканува на полицајците. Потоа полицајците отворија оган.

„Полициските службеници, за да одбијат нелегален напад врз сопствениот живот, употребија огнено оружје. Лицето почина на местото на настанот откако го употреби оружјето“, соопшти Полициската управа во Љубљана.

Очевидци слушнале неколку истрели. После тоа, мажот бил оставен да лежи покрај патот на пешачкиот премин.

Полицијата ќе ја провери законитоста на употребата на средства за присилба и ќе ги утврди сите околности на настанот.

Истражните органи на местото на настанот собираат траги.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Туристи се заробени во Мексико: „Ова е без преседан, можеме само да се молиме“

Убиени режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел

Катерина Ѓуровски

Моќниот Пабло Делгадиљо наредил егзекуција на струмичанецот Дејанчо Лазаревски

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Познатиот актер Мајкл Мадсен е пронајден мртов

Иран најави безмилосна одмазда за смртта на командантот Али Шадмани