(ВИДЕО) Битиќи: Жена е убиена поради институционални слабости

Од:

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската седница се осврна на трагедиите поврзани со родовото базирано насилство како последица на институционални слабости и вредносна криза во општеството.

„Со оглед на тоа што е Осми март, за жал не можам да започнам со честитка. Оваа седница се случува три дена по трагедијата која ја потресе нашата татковина и нè исполни со горчина. Ужас во кој, поради непрекината низа од институционални слабости, згаснаа два животи, мајка и малолетна ќерка. Кога институциите не ги полниме со политички вредности, ние го држиме отворен понорот во општеството и тој понор не останува празен. Го полниме со човечки животи, со човечка крв, а потоа се обидуваме да го измиеме со солзите на нечии родители, ќерки и синови“, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека општеството мора јасно да го именува злото и да се спротивстави на родово базираното насилство.

„Кога жена е убиена поради родово базирано насилство, тоа е фемицид. И ако не умееме да го препознаеме, спречиме и санкционираме, тогаш понорот што го држиме отворен не е случајност, туку последица на нашата вредносна пустина. Ќе се запрашате зошто. Затоа што, функционираме како држава на ’алфа-мажјак, арбитрарна и репресивна, исполнета со политички елити кои својата одговорност ја врзуваат за дискриминацијата и понижувањето, што ја претвора силата во понижување, а различноста во причина за дискриминација.“, рече Битиќи.

Тој предупреди дека во општество во кое доминираат дискриминацијата и понижувањето, жените постојано се принудени да докажуваат дека заслужуваат да бидат слушнати, почитувани и заштитени.

Тој посочи и на економската нееднаквост со која се соочуваат жените, нагласувајќи дека само околу 38 проценти од жените се вработени, додека 57 проценти се економски неактивни, а кај младите жени стапката на вработеност изнесува 27,6 проценти, наспроти 39,3 проценти кај младите мажи.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Ја добивме битката, концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ падна на арбитража

А1он

Манасиевски: Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед

Битиќи даде оставка од функцијата во СДСМ, но не се повлекува од политиката

(ВИДЕО) Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички

(ВИДЕО) Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика

Катерина Ѓуровски