ИЈЗ отстрани 10 тони опасен хемиски отпад што можел да предизвика хаварија

Од:

Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста.

Како што информира денеска директорката на Институтот, Марија Андоновска, отпадот е моментно безбедно отстранет и нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор.

Се работи за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба.

Според Андоновска, отпадот бил многу лесно испарлив и запалив, поради што и претставувал голема потенцијална опасност.

– Немавме упатство за управување со отпадот, но веднаш ги алармиравме институциите. За среќа избегнавме хаварија и го отстранивме,ќе. Очекувам одговорност, истакна Андоновска.

Според технологот Трајче Србиновски кој бил дел од тимот ангажиран за отстранување на отпадот, во државата има многу вакви жаришта и опасноста од нив е многу голема.

– Неколку јавни институции не повикаа да направиме увид, да се детектираат критичните точки. Чистењето зависи од обемот на хемикалиите, од начинот како се складирани, а цената е можеби висока зашто активна депонија немаме, објасни Србиновски.

Засега се уште не се знае каде отпадот од ИЈЗ ќе биде извезен и согорен.

Би можело да ве интересира

Водата во Струга не е исправна за пиење

Андоновска: Доколку продолжи растот на грипот, второто полугодие може да се одложи

ИЈЗ: Само во „Димо Хаџи Димов“ се најдени патогени бактерии

Горан Наумовски

Андоновска: Се прават дополнителни анализи кои не се поврзани со храната и водата од О.У. „Димо Хаџи Димов“

ИЈЗ: Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево

А1он

Андоновска: Кај двајца мажи од Скопје се потврдени со мајмунски сипаници

Горан Наумовски