Лажна тревога во РЕК Осломеј: Вработен измисли „бомба“ за да си оди порано дома

Од:

Полициски службеници го уапсија Р.Б. (44) од Кичево, вработен во РЕК „Осломеј“.

– Според информациите, во 2.25 часот тој испратил порака до својот шеф, со која го информирал дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ е поставена бомба. По преземените мерки и извршените проверки заедно со обезбедувањето, полициските службеници констатирале дека бомба нема и дека станува збор за лажно пријавување. Р.Б. бил пронајден во викенд-куќа во кичевското село Осломеј и лишен од слобода. Тој признал дека пријавата била лажна и дека ја измислил за да може порано да ја напушти работата. По целосно документирање на случајот, против Р.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава, а тој останува задржан во Полициската станица Кичево, велат од МВР

Би можело да ве интересира

МВР: Лажна пријава за бомба во зградата на Народна банка на Македонија