Грозданов: Манипулации и двојни стандарди во дебатата за рударството и енергетиката

Од:

Обвинувања за организирана манипулација на јавноста, ширење страв и политичко влијание во дебатата за рударството и енергетиката изнесува рударскиот инженер, Виктор Грозданов во најнова колумна. Во текстот, тој тврди дека дел од активистите кои се претставуваат како загрижени за животната средина намерно создаваат конфузија околу прашања како малите хидроцентрали, употребата на цијанид и инцидентот во рудникот „Тораница“.

Оваа манипулација на активисти демек загрижени за животната средина има своја позадина. Сами заклучете“, пишува авторот, посочувајќи дека изградбата на малите хидроцентрали може да има значително енергетско значење.

Според него, доколку се изградат сите планирани мали хидроцентрали, тие би можеле „да произведат струја како два блока од РЕК-Битола“. Тој предупредува дека евентуално гасење на РЕК-Битола би значело губење на 70 проценти од домашното производство на електрична енергија. „Да станеме увозно зависни. Тоа значи за нас колапс“, наведува Грозданов.

Во текстот се алудира и на странско влијание во креирањето на одредени наративи. „Кој го промовира ова, институт од земја со германско говорно подрачје, а не е СР Германија“, пишува авторот, додавајќи дека експертите ги знаат економските импликации, особено во делот на инфлацијата и ценовната политика.

Авторот се осврнува и на рудникот „Казандол“, посочувајќи дека во 2016 година таму била понудена минимална плата од 800 евра, како пример за економските бенефити од рударството. „Наместо рударска просечна плата во овој момент од 1300 евра, ние дебатираме за 600“, пишува тој, упатувајќи критика кон кампањата „Рудници на смрт“.

Би можело да ве интересира

Светските сили се тркаат по бакар, Македонија сè уште го остава својот ресурс неискористен

Сè помалку рудари, сè повеќе плата – но без инвестиции нема кој да ги пополни новите работни места

Од 1973 година се истражува бакарот во Иловица – Европа сега бара единствена база на критични минерали

Македонското рударство стагнира додека регионот инвестира – Иловица останува најголемата неискористена можност

Стручната јавност повикува на одржливо рударство – Лепиткова: Да ги користиме ресурсите со максимална контрола

Горан Наумовски

Новата политика на САД може да ги зголеми цените на металите – Македонија сè уште чека да ги активира своите ресурси