Истражниот судија на Основниот суд во Никшиќ му одреди притвор на бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и поранешен премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, во траење до 30 дена.
Како што е најавено, истражниот судија смета дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот, доколку биде ослободен, би можел да избега и да биде недостапен за државните органи на Црна Гора во понатамошниот тек на постапката.
„На предлог на Основното државно обвинителство во Никшиќ, на А.Ѓ. му е одреден притвор поради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено поседување и носење оружје и експлозиви. Притворот е одреден поради опасност од бегство. Постои основано сомнение дека А.Ѓ. нелегално држел оружје и муниција во својата куќа во Никшиќ“, соопшти ОДТ.
