Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, купи удел во шпанскиот второлигашки клуб Алмерија, објави консултантската фирма што ја претставува португалската репрезентација.
Групацијата „Брансвик“ изјави дека Роналдо купил 25 проценти од акциите во Алмерија, чии сопственици се од Саудиска Арабија. Во соопштението не се откриени финансиски детали.
„Долгогодишна моја амбиција е да придонесам за фудбалот надвор од теренот. Алмерија е шпански клуб со силни темели и јасен потенцијал за раст“, рече Роналдо во соопштението.
Роналдо купи удел во Алмерија преку неговата подружница CR7 Sports Investments.
АП објави дека Алмерија е под контрола на саудиски сопственици повеќе од шест години. Мохамед Ал Хереџи стана нов сопственик и претседател на клубот минатото лето, кога го купи клубот од Турки Ал Алшеик.
„Многу сме задоволни што Кристијано одлучи да инвестира во нашиот клуб. Тој многу добро ги познава шпанските лиги и го разбира потенцијалот на она што го градиме тука, во однос на тимот и академијата“, рече Ал Хереџи.
Алмерија e на третото место на табелата од втората шпанска лига со 48 бода.
