Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Од:

Со сослушување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во судницата во „Идризово“ денеска треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На минатите рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанала во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес.

За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани уште пет сведоци.

На почетокот на процесот, во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето е чекор кон утврдување лична и институционална одговорност нагласувајќи дека општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи трагедијата во „Пулс“. Јанев нагласи дека се бара правда, не како одмазда, туку како последица на незаконитост и занемарена должност.

Обвинети кои изјавија дека не се чувствуваат виновни, преку своите адвокати, од друга страна, ја оспорија основаноста на обвинението. Нивните одбрани тврдат дека обвинетите не презеле дејства што би можеле да доведат до пожарот, оти поседувале валидна документација и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на индивидуална вина. Одбраната најави изведување докази и сведоци што, според нив, ќе ја потврдат оваа теза.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

За несреќата се обвинети над 30 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Судењето ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Судење за „Пулс“: Нашите деца не се спореден детал во овој процес – не дозволувајте споредното да ја засени одговорноста за смртта

А1он

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври: Не негираме вина, негираме умисла, вели одбраната

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Савески: Законските рокови за притвор во „Пулс“ мора да се почитуваат

Горан Наумовски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице