Соиграч на Елмас во Наполи: Фудбалот стана премногу мек, ме учеа цврсто да влегувам во дуели

Од:

Скот Мектоминај се потврди како еден од клучните играчи и позитивни приказни оваа сезона за Наполи, откако беше и еден од главните протагонисти во освојувањето на четвртата титула во италијанското првенство минатата година.

Шкотскиот играч од средниот ред, соиграч на македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас во интервју за „Кориере дело Спорт“ отворено зборуваше за неговата поврзаност со градот, неговата иднина, проблемите со повредите и тренерот Антонио Конте.

„Ги почитувам навивачите и „Наполитанците“ воопшто. Нивниот менталитет е многу сличен на оној на мојата татковина, па лесно можам да се идентификувам со нив. Го сакам ова место. Мојот агент не разговара со никого за мојата иднина. Тој разговара само со мене и со клубот, а не кажа ништо за весниците. Јас сум исклучително среќен тука и, што се однесува до мене, јас сум играч на Наполи, тоа е сè за што мислам. Иднината е многу важна и можам да се замислам тука долго време“ – рече тој.

Сезоната неизбежно е обележана со бројни повреди во тимот на Антонио Конте.

„Во тешки времиња и со многу повреди, тешко е тренерот и персоналот да го пронајдат вистинскиот баланс и најдобриот начин на игра. Немавме среќа, тоа не е изговор, туку реално објаснување што треба да се прифати“, вели Шкотланѓанецот.

Во пресрет на натпреварот против Аталанта, самиот Мектоминај се опоравува од повреда.

„Имам проблем со тетивата што треба да се држи под контрола, не е лесно. Се трудам да бидам подготвен за недела. Како играч, тешко ми е да дојдам во тренинг центарот и да не можам да тренирам со моите соиграчи. Очајно сакам да играм, но морам да бидам сигурен во мојата состојба“ вели тој.

Беше претпазлив во врска со борбата за шампионската титула:

„Мора да продолжиме да работиме како и досега, без големи муабети за шампионатот. Ќе одиме натпревар по натпревар и ќе видиме каде ќе нè однесе“.

Мектоминај се осврна и на симулирањето и еволуцијата на модерниот фудбал.

„Мислам дека фудбалот станува мек, премногу мек. Некои одлуки се многу, многу благи. Не бев навикнат на такви работи кога растев, нè учеа да влегуваме во дуелите чесно и цврсто. Денес, дури и најмалиот контакт може да значи жолт картон. Не е мое да судам, но мислам дека на сè му се посветува премногу внимание, дека сè стана премногу чувствително“ – вели Мектоминај.

Би можело да ве интересира

Конте за конфликтот со Алегри: Ми рече дека сум имбецил и идиот

А1он

„Газета“: Нејмар во јануари се сели во Наполи?

А1он

Легендата на Манчестер Сити се сели во Наполи

А1он

Наполи сe шампиони на Италија

Горан Наумовски