Интернет измама со ликот на вицепремиерот Мали: Не наседнувајте на страници што ветуваат лесна заработка!

Од:

Првиот вицепремиер и министер за финансии на Србија – Синиша Мали денес изјави дека на социјалната мрежа Фејсбук се појавила реклама со неговиот лик за веб-страница преку која, наводно, може едноставно и лесно да се заработат многу пари и ги предупреди сите граѓани дека станува збор за измама.

„Ова е интернет измама и ги молам граѓаните да не веруваат во рекламата, да не ја користат веб-страницата и да не наседнуваат на овие обиди да бидат измамени. Апелирам до сите да бидат внимателни и да не користат веб-страници, линкови или страници што ветуваат лесна заработка“ – напиша Мали на својот Фејсбук профил.

Како што изјави, ќе побара од меѓународната платформа, преку која е објавена оваа лажна реклама, што поскоро да ја отстрани споменатата содржина.

Би можело да ве интересира

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција

Уапсени се две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити

Хрватското обвинителство поднеде обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра