Одложено утрешното рочиште за „Пулс“, обвинетиот сопственик на објектот е во болница

Од:

Основниот кривичен суд Скопје информира дека утрешната расправата за случајот „Пулс“ се одлага поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани.

– Во текот на денешниот ден претседателот на судечкиот совет, кој постапува по предметот, изврши телефонски контакти со докторите кои се задолжени за неговото лекување, кои го известија дека обвинетиот не е во состојба да присуствува на оваа главна расправа, но уверуваат дека неговата здравствена состојба ќе се подобри и тој ќе може да продолжи да ја следи главната расправа – стои во соопштението од Кривичен.

Од таму дополнуваат дека поради економичност на постапката, сите учесници во постапката се известени за утрешното отповикување.

– Воедно, странките се известени дека сите веќе дадени последователни термини остануваат во сила – дополнуваат од таму.

Следниот насрочен термин е 25 февруари, а судењето се наоѓа во доказна постапка со изведување докази од страна на Обвинителството.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Би можело да ве интересира

Сведочење за „Пулс“: Александар Карадаковски станал управител „за да не пропадне лиценцата“

Судењето за „Пулс“ одложено, обвинителката Андонова вели – постапките продолжуваат без застој

Одложено e судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Општина Кочани барала на „Пулс“ да не му се издава лиценца поради несоодветна намена на објектот

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, за денеска повикани тројца сведоци од Општина Кочани