Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на 27-та седница го усвои посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во РС Македонија 2025 година, со препорака дека за идните изборни процеси е потребно унифицирање на стандардите за евиденција и јавните правила во однос на учесниците, како и врската за банкарски податоци, а се отвора и прашање за дигитализирање на процесите на креирање на финансиските извештаи, со цел да се овозможи одговорно, отчетно и транспарентно водење на процесот.
Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ сумирајќи ги наодите во Извештајот посочи дека иако постојат основни механизми за финаниско известивање и јавна отчетност нивната ефикасност не е доволна поради правилата, кои се дизајнирани, особено во однос на локланите избори, кои се одржуваат во два круга, со голем број на учесници. Тој посочи дека овие слабости во значаен дел се повторуваат и во претходните изборни циклкуси и посочи дека се потребни законски измени за усвојување на подобри решенија.
Чучуљ истакна дека моделот на финасирање останува домнантно зависен од јавните средства, како и од внатрешно партиски извори на учесниците. Проверливоста на финансирањето е ограничена, како што рече Чучуљ, поради системски пропусти.
ДКСК формирала 43 предмети по поднесени пријави, како и по сопствена инцијатива, кои се однесваат на прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за 38 предмети е донесена одлука, а за пет случаи потсапувањето е во тек.
Во однос на Регистерот на службените возила на државните органи Чучуљ реке дека од 1514 институции, оваа обврска била исполнета од 635 институции, кои доставиле податоци, додека 879 не доставиле податоци.
Вкупните приходи од финансирањето на изборна кампања биле приближно 569 милиони денари, при што наголемиот дел 46,7 отсто се од средствата за платено политички рекламирање, а потоа следуваат донации од правни, физични лица…Трошоците за кампањата изнесувале околу 301 милион денари, а најголемиот дел од средставата биле насочени кон рекламирање и пропаганда 76 отсто, за одржување на предизборни митинзи и собири се потрошени 8,3 отсто, за стручни услуги и истражувања 7,3 отсто, за транспорт и логистика 4,4 проценти, за репрезентација 1,8 отсто, за изнајмување простор 1,4 отсто.
Чучуљ посочи дека Извештајот ќе биде доставен до Собранието, а од понеделник ќе биде објавен и на веб страницата на ДКСК.
На денешната седница Софија Спасова Медарска беше избрана за заменик-претседател на ДКСК, во следните шест месеци.
