За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

Од:

Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.490 прекршоци, што претставува намалување за 10% во споредба со првата седмица во месец февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок.

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.297, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 33, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 160 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 148 мерки „забрана за управување со возило“, чиј број бележи намалување од 48,6% во однос на минатата седмица, од кои 33 се за минување на црвено светло, а 115 се за брзо возење, од кои 99 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 12 за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило и четири за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка