(ВИДЕО) Роналдо го заврши штрајкот, се врати на терен и го постигна 962. гол во кариерата

Од:

Португалскиот ас, Кристијано Роналдо се врати во тимот откако пропушти неколку натпревари, наводно поради несогласувања со трансфер политиката на клубот.

Ова беше прво појавување на Португалецот по прославата на неговиот 41-ви роденден и тој веднаш потсети зошто е еден од најголемите во историјата.

Се играше 18-тата минута кога Садио Мане проби низ левата страна, се ослободи од дефанзивецот и ја смести топката во шеснаесетникот.

Кристијано Роналдо, како и обично, беше на вистинското место во вистинско време и мирно ја смести топката во мрежата.

Тоа беше неговиот 962 професионален гол.

Сега му недостасуваат 38 гола од симболичната граница од 1.000 гола, а судејќи според неговата форма и инстинкт, таа бројка повеќе не изгледа недостижна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Роналдо стигна до 982 гола во кариерата – блиску е до магичната граница од 1.000 погодоци

А1он

Пресврт – Кристијано Роналдо веднаш се враќа во репрезентацијата

А1он

На Роналдо му се заканува суспензија до шест месеци поради напуштање на кампот на португалската репрезентација

А1он

Анкета: Португалците не го сакаат Роналдо во националниот тим!

А1он

Португалскиот селектор за Роналдо: Нема да се извинувам на никого!

А1он

„Вонредна состојба“ во Португалија – се вклучи премиерот, разговараше и со Роналдо и со селекторот

А1он