Зеленски: Не можам да размислувам за Путин и неговите „отровни амбиции“ – секој ден е нов живот

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одговараше на прашања од новинари на Минхенската безбедносна конференција откако претходно владите на Германија, Велика Британија, Франција, Шведска и Холандија објавија дека руската држава го уби лидерот на опозицијата во таа земја – Алексеј Навални пред две години.

Пет европски земји објавија дека анализите на останките на Навални покажаа траги од исклучително моќниот токсин – епибатидин.

Новинарката Дебора Хејнс го праша Зеленски дали се плаши дека можеби и самиот е отруен.

„Не знам што ќе се случи утре. Мораме да се бориме секој ден. Секој ден е нов живот. Нашата единствена цел е да преживееме. Не размислувам за себе бидејќи изгубивме многу луѓе. Јас сум само еден од многуте луѓе во Украина кои се борат“, одговори Зеленски.

„Не можам да размислувам за Владимир Путин и неговите „отровни амбиции“, ако ги има. Се обидувам да не размислувам за тоа, бидејќи во спротивно само би размислувал за тоа. Нè напаѓаат со стотици беспилотни летала и ракети – која е разликата помеѓу отров и ракети? Не ја гледам разликата“, рече тој.

За Навални, тој додаде: „Не знам. Мислам дека Путин го направи тоа, но не знам што употреби за тоа убиство“.

Зеленски се појави на конференцијата заедно со главниот преговарач Рустем Умеров и одговори на низа прашања за војната и можните мировни иницијативи.

Меѓу другото, тој изјави дека САД ѝ рекле на Украина дека ако се повлече од Донбас, мирот ќе дојде „што е можно поскоро“.

Тој додаде дека Украина ќе го отвори прашањето за енергетско примирје во Женева, но засега не може да даде дополнителни детали за таа идеја. Зеленски, исто така, тврдеше дека Русија држи околу 7.000 украински затвореници, додека Киев има околу 4.000 руски воени затвореници.

Зборувајќи за преговорите, тој тврдеше дека Русија го сменила шефот на својот преговарачки тим за да го „одложи донесувањето одлуки“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Путин не е во затвор, тоа е најголемиот компромис досега

Зеленски го одликуваше дисквалификуваниот украински олимпиец кој санкаше со посебна кацига

А1он

Орбан до Зеленски: Членките ги одредуваат условите за влез во ЕУ, а не кандидатките

А1он

Зеленски: Следните мировни преговори веројатно ќе се одржат во САД

А1он

По четири години конечно слободни – украински затвореници се вратија дома

А1он

Зеленски ја обвини Европа: Нè доведовте на работ на колапс

А1он