Фон дер Лајен: Еден за сите, сите за еден – тоа е она што претставува Европа

Од:

Претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европската Унија треба да „вдахне живот“ на клаузулата за заемна одбрана, загарантирана во нејзиниот основачки договор.

– Заемната одбрана не е задача по избор за ЕУ. Тоа е обврска од нејзиниот договор. Нашата колективна обврска е да застанеме заедно во случај на агресија, или едноставно кажано: еден за сите, сите за еден. И тоа е она што претставува Европа – посочи Фон дер Лајен.

Таа истакна дека Европа, која со децении зависеше од САД за својата одбрана, сега мора да „забрза“ и „да ги преземе своите одговорности“.

– Безбедноста на Европа не секогаш се сметаше за наша примарна одговорност. Но, тоа се промени фундаментално … Треба да развиеме европски столб на стратешки средства: во Вселената, разузнавањето и капацитетите за длабок удар – наведе Фон дер Лајен.

Таа се осврна и на односите на ЕУ со Велика Британија, потенцирајќи дека се поврзани кога било.

– Во овој исклучително нестабилен период, Европа и Велика Британија мора да се здружат. Десет години по Брегзит, нашата иднина е по поврзана од кога било. Затоа е во наш заеднички интерес да бидеме амбициозни во врска со нашето партнерство – истакна Фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Девојката ме остави, не можев да се освестам цела година, исто е и со Европа

Катерина Ѓуровски

ЕУ ѝ довери итна задача на претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Поважно од кога било да се фокусираме на Украина

Фон дер Лајен: Данска и Гренланд имаат целосна европска поддршка

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх