Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина

Од:

„АФЖ – Левица најостро го осудува лицемерието и ароганцијата на Дафина Стојаноска, поддржана од пратениците на ДПМНЕ и самиот Мицкоски, кои се обидуваат да се засолнат зад флоскулата „жена, мајка“ во момент кога јавноста бара одговорност за нејзиниот крајно недостоен чин – објавување снимка во која се појавуваат малолетни деца, во контекст на удар врз лидерот на најголемиот синдикат во државата“ велат од Левица.

Од партијата се со став „додека ДПМНЕ држи лекции дека секој што се впуштил во јавниот живот (алудирајќи на Трендафилов) треба да биде подготвен и на критики, ДПМНЕ, типично за нив, бегајќи од одговорност за скандалозната снимка, се кријат зад жртвениот панцир „жена, мајка“, дури и во ситуација кога дотичната не беше ниту навредена, а најмалку пак беше ставена во контекст за тоа дали е жена и мајка“.

„Манипулацијата со мајчинството во оваа ситуација е смешно. Не станува збор за тоа дали е жена или мајка, туку дека таа, како дел од владејачката ДПМНЕ, како пратеник на народот, избира на брутален начин да се спротивстави на интересите на најбројните во општеството (работничката класа), наместо да ги застапува, и го поддржува статус кво-то кое ја задушува економската и социјалната сигурност на граѓаните. Особено цинично е лицемерието што пред само три дена истите пратенички на ДПМНЕ не го поддржаа предлог-законот на Левица за заштита на бремените жени од отпуштање, со што тие ја продолжија системската дискриминација и егзистенцијалната несигурност на жените што решиле да станат мајки. Денес, пак, тие пред камерите играат улога на “заштитнички“ на жените кога тоа им одговара на партиските интереси. Каде беше оваа чувствителност кон мајчинството кога се објавуваа снимки од туѓи деца? Каде е солидарноста со жените кои работат за минимална плата, со самохраните мајки, со оние кои не можат да ги покријат ниту основните потреби? Ја нема, бидејќи зад флоскулата „жена, мајка“ не стои принцип, туку исклучиво партиска илузија и политички интерес“ велат од Левица.

Посочуваат дека „токму ваквото однесување ја потхранува одбивноста на жените кон политиката. Затоа што гледаат политичарки како Дафина Стојаноска кои никако не ги претставуваат и ја потценува интелигенцијата на јавноста со евтини манипулации. И наместо да ги сносат последиците на своите скандалозни дејствија, манипулираат за наводна мизогинија“.

Ставот на опозициската партија е „кога пратеничка од власта наместо да расправа за плати, да биде во дослух со потребите и проблемите на народот, се занимава со дискредитација на синдикален лидер – тоа е јасен показател на чија страна стои, а таа страна никако не е онаа на мнозинството жени“.

„Затоа, бараме ОСТАВКА од Дафина Стојаноска. Оваа функционерка која ги игнорира интересите на граѓаните и го злоупотребува полот и мајчинството, не заслужува место во законодавниот дом“ заклучуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира