Седлоски: Не сме аутсајдери, Македонија е подготвена за предизвикот

Од:

Македонската репрезентација ги доби противниците за настапот во најновото издание од Лигата на нации.

Нашата селекција е дебитант во Б конкуренцијата, а предводникот на националниот тим Гоце Седлоски со респект кон репрезентациите со кои ќе се соочиме, но и верба во своите избраници кои можат да докажат дека Македонија сосема заслужено се наоѓа меѓу нив.

„Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува. Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б. Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот. Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот” рече Седлоски.

Би можело да ве интересира

Авионот со македонските репрезентативци поради технички проблеми се врати во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Турција и одржа фудбалска лекција на Македонија

А1он

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција

ВИДЕО: Пријателска пресметка на Македонија и Босна и Херцеговина на „Кошево“

Катерина Ѓуровски

ФФМ: Ванче Шиков веќе не е дел од стручниот штаб на А-репрезентацијата

ФФМ го претстави новиот дрес на националниот тим