СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

Од:

„Како што знаете Буџетот не ни е во најдобра состојба, меѓутоа ќе видиме“. Со оваа изјава Министерката за енергетика на Мицкоски, Сања Божиновска призна дека во буџетот нема пари. Владата на Мицкоски го потврди она што СДСМ и претседателот Филипче постојано го говорат, соопштија попладнево од опозициската партија.

Од СДСМ велат „Оваа изјава на Божиновска е уште еден доказ, фалат 2 милијарди евра. Владата вели нема пари за ништо освен за криминални тендери. Тие течат без пречки. Има пари 161 тендер за една фирма, има за 51 тендер за омилената фирма преку општините, има за 9 милиони евра за двајца вработени, има 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.

„Само за поголеми плати и пензии нема пари владата на Мицкоски. Големиот недостаток на пари ќе доведе до економска криза а потоа, за да земе Владата пари, преку скапи кредити, следува проектот „мигранти за пари“. Веќе доаѓаат „економските работници“, владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, недостасуваат 2 милијарди евра во буџетот“ е ставот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни