Ракометната репрезентација на Хрватска ја заврши својата мисија со победа над Исланд (34-33) и го освои третото место, односно бронзениот медал на Европското првенство во Скандинавија.
Во „малото финале“, балканската селекција покажа зрелост и вторпат го совлада Исланд на овој турнир, откако првиот дуел го добија и во групната фаза. И покрај бројните предизвици, вирози и болести во тимот, Хрватска се издигна над сè и во драматичен финиш успеа да ја реализира својата цел.
⏸️ TIME-OUT CROATIA.
🇭🇷 LEAD BY ONE — 33–32.
40 seconds left. ⏱️🔥#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/1xAUDSDkya
— EHF EURO (@EHFEURO) February 1, 2026
За Хрватска, ова е четврти бронзен медал на Европските првенства. Претходно тимот го освои ова одличје во 1994, 2012 и 2016 година. Исто така, ова е прв медал на европските шампионати по речиси една деценија.
Хрватите на полувреме имаа три гола предност (17-14), во вториот дел стигнаа и до +6, но Исланѓаните не се предаваа до крајот и се потрудија за драматична завршница.
🔥 VERON NAČINOVIĆ AGAIN.
His 6th goal makes it 26:31
🇭🇷 Croatia +5 with 6 minutes left.#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/GJsFSjTpEC
— EHF EURO (@EHFEURO) February 1, 2026
Најдобар стрелец на мечот беше Магнусон од Исланд со 12 гола, пред Кристјансон со шест гола, додека кај Хрватите одличен беше голманот Мандиќ со осум одбрани, а лидер на листата на стрелци беше Лучин со девет гола, пред Начиновиќ со шест гола.