Вучиќ во живо на TikTok – го гледаа повеќе од 240.000 луѓе

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва го одржа своето прво обраќање, односно вклучување во живо на TikTok, кое забележа огромна гледаност.

Вкупно 241.700 луѓе го гледаа Вучиќ на TikTok, додека преносот во живо собра 13 милиони „лајкови“.

За време на своето обраќање, тој одговараше на прашањата на оние што го гледаа, а во еден момент му се јави и на познатиот „Јутјубер“ Богдан Илиќ попознат како Бака прасе.

Прашањата се однесуваа за бројни теми во државата, но и некои беа повеќе лични и поврзани со неговиот приватен живот.

Тој за резултатите на Црвена Звезда и Партизан во кошарка рече:

– Се надевав дека Динамо ќе победи бидејќи претходно беа посилни од Звезда. Што се однесува до кошарката, мислам дека Звезда има четврти или петти најдобар тим во Европа и може да се справи со тоа. Звезда, мислам дека е подобра од Реал, Барселона, Валенсија…

Вучиќ на прашање што би направил да има 25 години, вели:

– На 27 години станав министер и не мислам дека е паметно – коментираше Вучиќ.

– Мора да има искуство за одредени работи во државата. Без тоа, не ја давајте земјата на некој што не поминал низ тоа и кој не знае што е тоа – рече српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on

Вучиќ: Изборите во Србија ќе бидат на 25 октомври

А1он

Вучиќ по едногласниот избор за кандидат за премиер: „Огромна чест е што ја добив вашата доверба“

Горан Наумовски

Остра порака од Вучиќ: Марта Кос нема да ми држи лекции кој е воен злосторник и монструм“

А1он

Вучиќ: Ќе продолжам да соборувам рекорди со појавувања на телевизија, тоа е работа на претседател

А1он

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on