Градоначалникот на Град Скопје – Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи сподели видео на кое се гледа дека скопското Кале се чисти и уредува.
Прикажана е актуелната состојба на културно-историскиот локалитет, а Ѓорѓиевски истакнува дека грижата за културното наследство и јавните простори останува еден од приоритетите на Град Скопје.
Тој нагласува дека скопското Кале, како симбол и гордост на градот, заслужува континуирано внимание, одржување и заштита, со цел да се зачува неговата историска вредност и да се обезбеди пријатна и безбедна средина за сите посетители.